Кајмакчалан е врв на планината Ниџе со висина од 2.521 м. Врвот Кајмакчалан во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарските и српските војски кои биле стационирани на овој дел на фронтот.
Вид на патека: Погодна за планинари, планински велосипеди и теренски возила,
Тежина на патеката: Тешка
Растојание: 31,6 км
- Старт: Излетничко место Коњарка
- Координати: 40°58′53.8″N 21°39′44.2″E
- Надморска висина: 595 m
- Крај: Кајмакчалан
- Координати: 40°55’51”N 21°47’13”E
- Надморска висина: 2521 m
Map of the route “КАЈМАКЧАЛАН”: 31,56 km, 2.046 m of climbing and 141 m of descent, elevation between 585 m and 2.494 m. It starts at 40.98186, 21.66138 and ends at 40.93009, 21.78519 (latitude, longitude).
Поважни локации
1. Излетничко место Коњарка

- Координати: 40°58′53.8″N 21°39′44.2″E
- Надморска висина: 595 m
2. Месност Болниците

- Координати: 40°57’29”N 21°47’58”E
- Надморска висина: 2200 m
Во месноста Болниците на патот за Кајмакчалан се наоѓа меморијалниот споменик посветен на борците: Ѓорѓиевски Ѓорѓи, Естреја Овадија Мара, Лалевски Јова, Нале Крсте, Нахмијас Мордо, Николовски Панадил и Трпчевски Атанас од VII ослободителна бригада кои загинаа на тоа место на 25 Август 1944 г.
3. Врв Кајмакчалан

- Координати: 40°55’51”N 21°47’13”E
- Надморска висина: 2521 m
Од врвот Кајмакчалан се гледаат Островското езеро и Петерското езеро, како и областа Мариово. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас.
Постои предание дека врвот Кајмакчалан името го добил според арамијата „Кајмак” (најдобриот) кој со другарите од својата чета се искачил на врвот, носејќи го собраното злато од извршените акции по селата и патиштата. Кајмак ископал дупка и го скрил златото. Кога го закопале златото, војводата го убил Кајмак и рекол дека вака ќе биде вечен чувар на закопаното богатство. (Кајмак+чалам = најдобар што краде). Постојат и други легенди и преданија за топонимот Кајмакчалан.
Според некои извори, веднаш по завршувањето на борбите околу врвот Кајмакчалан, со оглед на големиот број на жртви од двете страни, на самиот врв започнала изградба на спомен капела. Храмот Св. Петар и Павле е завршен во 1921 г, заедно со костурницата во која се сместени коските на голем број непознати војници кои се собирале и многу години после Првата светска војна. Камбанаријата и придружните објекти околу капелата се изградени 1928 година, по повод одбележувањето на 10 годишнината од завршувањето на ПСВ. По тој повод бил пуштен во употреба и патот за автомобили кој водел од Битола до Кајмакчалан.




